| четврток, 6 декември 2018 |

Шест причини први да му се јавите

iphone5

Запознавте некого, излеговте на прв состанок кој добро заврши. Вели дека сака повторно да ве види и дека ќе ви се јави. Следните денови гледате во мобилниот и кога и да заѕвони помислувате дека е тој…но ништо. Дали да преземете иницијатива и да го завртите неговиот број? Одговорот е – ДА, а еве и зошто.

#1 Упорните жени се привлечни
Мажите не сакаат да признаат, но ги обоѓаваат жените кои се упорни. Жените кои знаат што сакаат. И токму затоа соберете храброст и побарајте го – покажете дека не се плашите.

#2 Некој мора да го направи првиот чекор
Мажите, како и жените, се држат до оние непишани правила. Можеби нема да ве побара утре затоа што не сака да остави впечаток на нетрпеливо момче кое едвај чека повторно да ве види. Тој мора да биде кул, иако гори од желба да ви се јави. Не чекајте предолго – скршете го мразот.

#3 Ви се допаѓа
Тој ви се допаѓа, тоа е јасно. Би се изненадиле колку се жените во состојба ги игнорираат своите чувства од страв да не го исплашат мажот кој им се допаѓа. Размислете – што можете да изгубите? Ако е тоа тој, повикајте го!

#4 Срамежлив е
Понекогаш едноставно очекуваме премногу од машите. Ако навистина му се допаѓате и ако е малку срамежлив – големи се шансите дека нема веднаш да ви се јави. Воспоставете отворен однос со него и дајте му на знаење дека има зелено светло.

#5 Живееме во 21. век!
До пред неколку години било незамисливо жените да преземат иницијатива. На сета среќа, времињата се смениле и денеска е вообичаено жените да го направат првиот чекор. Значи, во што е проблемот? мобилниот во рака и јавете му се!

#6 Хм…го има ли тој мојот број?
Можеби звучи како клише, но се слулува. Можно е да не го запишал вашиот број на телефон. Затоа вие први свртете го неговиот број.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top