Дека и изгледот на вашиот профил на „Фејсбук“ открива многу за вашиот карактер, покажа најновото истражување.
Резултати се добиени набљудувајќи повеќе од 100 луѓе на возраст од 17 до 55 години. Учесниците пополнувале прашалници за нивната личност. Повеќе од 70% од учесниците биле жени. Потоа, истражувачите набљудувале како учесниците прикачуваат фотографии и комуницираат со своите пријатели на „Фејсбук“.
Истражувачите откриле дека екстровертните личности и невротиците прикачуваат голем број фотографии на своите профили на „Фејсбук“. Меѓутоа, екстровертните личности повеќе ги менуваат своите портретни фотографии, додека невротиците прикачуваат нови фотографии во албуми.
Можеби фактот дека екстровертните личности објавуваат повеќе фотографии не изненадува, но како е можно истото да се забележува и кај невротиците? Истражувачите ги дефинираат овие луѓе како лица со темпераментна природа, склони на стрес и анксиозност. Според експертите, невротиците сакаат одобрување. Како социјално анксиозни индивидуалци, тие го гледаат „Фејсбук“ како безбедно место за изразување и прикривање на недостатоците.
Потоа, истражувачите изјавиле дека истражувањето покажало сличности меѓу врските на луѓето на „Фејсбук“ и во реалноста. На пример, учесниците кои биле пријателски во реалноста биле пријателски и одбегнувале кавги и на социјалната мрежа. Овие луѓе имале повеќе коментари и „лајкови“ на своите објави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.