| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Цеца претепал две момчиња

Синоќа во белградскиот Ургентен центар Алекса П. (19) и малолетниот А.Р. (17) побарале лекарска помош откако биле претепани од синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ, и неговото обезбедување.

Како што пишуваат дел од белградските медиуми, момчињата рекле дека ги добиле повредите во тепачка пред сплавот „Ривер“.

За кратко време ова е втор ваков инцидент на синот на Цеца. Тој неодамна претепа момче пред неговата семејна куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top