| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува доминацијата на пазарот на теренците

„Порше“, германската автомобилска компанија што произведува спортски автомобили, го претстави редизајнираниот модел на своето теренско возило „кајен“. Во однос на својот претходник, редизајнираниот „кајен“ доби нов преден браник во кој се вградени нови поголеми предни отвори за воздух.

Покрај тоа, редизајнирани се предните хауба, светла и крила. Покрај стандардната опрема на биксенонски и дневни ЛЕД, кои се испорачуваат исклучително во „кајен“ со дизелски агрегат, „кајен С“ и „кајен С хибрид“ со турбополнач добија сериски главни светилки со ЛЕД и динамичен светлосен систем на „Порше“.

Измените во задниот дел од автомобилот вклучуваат модификувана петта врата, редизајнирани куќишта на задните стоп-светла и поинаков браник.

Најголемата измена и сосема нов детаљ, сепак, се наоѓа под капакот за моторот. „Кајен С“ доби нов бензински 3,6-литарски битурбомотор со шест цилиндри, кој развива 460 коњски сили при 6.000 вртежи во минута. Вртежниот момент е од 550 њутн-метри при опсег на вртежи од 1.350 до 4.500 во минута.

Моторот е во целост производ на инженерскиот оддел на „Порше“ и е замена за стариот атмосферски мотор со осум цилиндра и има дополнителни 20 коњски сили и 50 њутн-метри во однос на претходникот.

Auto100-Porsche-Cayenne-2

Најголемата разлика, сепак, е во економичноста.

„Кајен С“ од 0 до 100 километри на час забрзува за 5,5 секунди додека максималната брзина му изнесува 359 километри на час.

„Кајен С хибрид“ го придвижува трилитарски бензински мотор со шест цилиндра, кој со помош на механички компресор развива 333 коњски сили. Во комбинација со електромо­тор вкупната моќ се искачува на 416 коњ­ски сили при 5.500 вртежи во ми­нута.

Со овој мотор „кајен С хибрид“ од 0 до 100 километри на час забрзува за 5,9 секунди, додека максималната брзина е измерена на 243 километри на час.

Во случај кога би се користел само електромоторот, максималната брзина би изнесувала 124 километри на час и со овој мотор „кајен“ може да помине максимум 36 километри.

Од „Порше“ известуваат дека новиот редизајниран „кајен“ доби нова подобрена шасија, која нуди удобност без да се нарушат динамичките карактеристики на автомобилот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top