| четврток, 6 декември 2018 |

Монструмот од Сурчин го штитат од линч во затвор

501016_dragan-djuric_ff

Монструмот од Сурчин, 34-годишниот Драган Џуриќ кој ја уби 15-годишната Тијана Јуриќ, е сместен во посебна ќелија во затворот во Суботица за да се спречи линч од останатите затвореници, пишуваат српските медиуми.

– Пред ќелијата на Џуриќ е засилено обезбедувањето, а храната му се носи во ќелија. Исто така за време на прошетката е изведуван посебно, за некој да не го нападне во затворскиот круг. Во затворот моментално има слободни места. Исто така, Џуриќ веројатно до крајот на судскиот процес ќе биде сам во ќелијата – вели извор од истрагата за српски „Ало“.

Месарот Џуриќ завчера бил сослушуван два часа во обвинителството во Суботица каде што, исто така, го признал злосторството, по што му е одреден 30-дневен притвор. Потоа е сместен во притворското одделение во Окружниот затвор во Суботица. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top