| четврток, 6 декември 2018 |

Мекејн: Обама суштински не ги разбира заканите од Исламска држава

dzon-mekejn

Американскиот републикански сенатор Џон Мекејн изјави денеска дека ограничената воена акција одобрена од претседателот Барак Обама против Исламска држава во северен Ирак, укажува на „суштинско неразбирање на заканите од таа терористичка организација – најбогата и најмоќна во историјата“, објави Њујорк тајмс.

Мекејн го повика Обама да одобри американски воени удари и врз позиции на Исламска држава во Сирија и да испрати тешко оружје во градот Арбил кој е центар на ирачкиот дел од Курдистан.

– Претседателот на САД очигледно не разбира дека Исламска држава не е закана само за американските трупи на теренот или дури и за Ирак или Курдистан. Тоа е закана за Америка, истакнува Мекејн.

Тој вели дека Исламска држава досега збришала граница меѓу Ирак и Сирија, но Обама „досега не ја спомена Сирија“.

Според сириската невладина група за човекови права со седиште во Британија, Исламска држава контролира околу 35 отсто од територијата на Сирија, најголем дел пустинска област.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top