
Во Нагасаки денеска ќе бидат одбележани 69 години од американскиот нуклеарен напад врз тој јапонски град, три дена по првиот таков напад во историјата на човештвото – врз Хирошима.
Повеќе од 70.000 луѓе загинаа од атомската бомба која САД на 9 август 1945 година ја фрлија врз Нагасаки.
По атомскиот напад Јапонија капитулираше на 15 август 1945 година што овзоможи Втората светска војна официјално да заврши две недели подоцна – на 2 септември 1945 година.
Ниту еден американски претседател никогаш не ја посетил Хирошима ниту Нагасаки, а САД никогаш не се извинија за нападите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


