
Конечно сончево време! Сабота носи пријатни метео услови. Според Метеопро не очекува топол ден со претежно слаб ветер. Само мало зголемување на облачност ќе има во крајните западни делови од земјава. Вечерта ќе биде претежно ведра.
Минималната температура ќе биде во границите од 15°С до 20°С
Максимална температура околу 31°С се очекува во северната половина на земјата, околу 30°С во југозападниот регион. Најтопло ќе биде на југоисток, до 33°С.
Вредноста на УВ индексот ќе биде 7.
Во скопската котлина се очекува претежно сончево време. Минималната температура ќе се спушти до 18°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 32°С.
Во Охридско-Преспанскиот се очекува претежно сончево време со слаб ветер. Максималната дневна температура ќе достигне околу 28°С.
Дојран очекува сончево време и не премногу топло време. Максималната температура ќе достигне вредност околу 33°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


