| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ: Минимален е ризикот од ширење на eболата во Европа

Иако Светската здравствена организација прогласи „вонредна состојба во светот“ поради опасноста од ширење на еболата, европскиот комесар за здравство Тони Борг оцени дека ризиците од болеста во Европа се „многу мали“, јави дописникот на МИА од Париз.

Ebola in Liberia

– Сакам да им порачам на граѓаните дека ризиците еболата да се прошири на европската територија се многу мали. Прво, затоа што многу малку лица кои доаѓаат во Европа можат да бидат заразени и второ, затоа што болеста се пренесува само преку допир со телесните течности на заболен – објасни Борг во своето соопштение.

ЕУ веќе неколку месеци ја следи ситуацијата во Западна Африка и во случај ако вирусот дојде до Европа, ние сме подготвени да се соочиме со тоа, се додава во соопштението.

Вчера прв случај на заболен од ебола беше донесен на лекување во Шпанија.

Пораката на Борг доаѓа во време кога во сите европски земји се подига степенот на здравствена внимателност и кога СЗО прогласи „здравствена вонредна состојба на ниво на светот“, со барање за координирање на напорите на борбата против хеморагичната треска, со оглед дека ситуацијата во деловите на Африка кои се погодени од неа се влошува.

Според СЗО, оваа епидемија на еболата е најголема во последниве четири децении.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top