Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ запеаа со српската пејачка, Рада Манојловиќ на вчерашната прослава на Новата година по јулијанскиот календар. Дачиќ новата година ја дочека во базата на противтерористичката единица во Липовица во друштво на министерот за внатрешни работи. Воедно, премиерот нагласил дека тој и припадниците на елитната единица на Министерството за внатрешни работи се подготвнеи да го бранат секој дел од Србија. На прославата премиерот порача дека Србија е земја која е насочена кон мирот и тоа е силната страна на државата, а не слабост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


