Во најновото истражување пушењето е поврзано со поголем ризик за сенилна макуларна дегенерација, водечки причинител за губење на видот кај лица постари од 50 години.
Американски научници од Универзитетот „Висконсин“ додаваат дека воочениот ризик бил присутен и кај лица што престанале да пушат.
Стручното списание „Ophthalmology“ пишува дека кај пушачи и кај поранешни пушачи е воочена и забрзана прогресија на сенилна макуларна дегенерација со поизразени оштетувања на средниот дел на мрежницата.
Истражувачите веруваат дека причина за тоа е негативното влијание на пушењето врз крвните садови кои ја снабдуваат со крв мрежницата.
Исто така, токсините кои во организмот се натрупуваат со пушењето можат да се насоберат во мрежницата и да ѝ наштетат на нејзината функција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


