| четврток, 6 декември 2018 |

Како Џоли и Пит ја одржуваат љубовта во врската?

Angelina Jolie, Brad Pitt

Дури и најактивната двојка на светот, Анџелина Џоли и Бред Пит мора да најдат интересен начин со кој ќе ја одржуваат својата врска додека се раздвоени. Кога во нивната десетгодишна врска се нашле на два различни места на планетата, тоа било повод да ја зацврстат својата љубов и страст.

– Тоа беше првпат јас и Бред да бидеме раздвоени, но излезе многу романтично. Одлучивме на кратко да живееме така, одвоени, и почнавме да си пишуваме писма. Тоа не спои и беше многу романтнично – изјави Џоли за „Дејли Мирор“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top