| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанската економија се врати во рецесија

italy1italy2

Италијанската економија одново се најде во рецесија, откако два квартала едноподруго забележа опаѓање на економскиот раст. Итaлијанската државна статистика соопшти денеска дека во вториот квартал има негативен економски раст од 0,2,откако пад од 0,1 отсто беше регистриран и во првите три месеци од оваа година.

Ваквите економски резултати во Рим се оценуваат како изненадување, затоа што се очекуваше позабрзано стабилизирање на економијата на Италија по излегувањето од кризата и од рецесијата и добрите економски постигнувања во последниот квартал од 2013 година.

Економски експерти оценуваат дека причината за враќањето на земјата во рецесијата е резултат на се уште големиот внатрешен долг што го има државата, за чие амортизирање и намалување е потребен поголем економски раст од оној што годинава го бележи Италија.

Враќањето во рецесија претставува сериозен удар врз италијанскиот премиер Матео Ренци, кој во февруари ја презеде функцијата од Енрико Лета, по партискиот пуч во левоцентристичката Демократска партија.

Ренци, кој дотогаш беше градоначалник на Фиренца, ги критикуваше економските постигнувања на Лета, ветувајќи позабрзан раст и целосно излегување од кризата во која Италија се наоѓа од 2007 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top