Министерството за внатрешни работи потврди дека во скопски Карпош вчера околу 15 часот, на улицата „Илинденска“ без
број, било пронајдено мртво тело. Се работи за М.М. роден 1970 година, кој бил најден со повреда од огнено оружје во пределот во градите.
Од полицијата информираат дека извршен е увид на местото на настанот, а телото е предадено за обдукција. Според првичните сознанија, најверојатно станува збор за самоубиство.
Според неофицијални сознанија се работи за сопственик на познат скопски ресторан, кој посегнал по својот живот по кавга со сопругата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


