| четврток, 6 декември 2018 |

Тијана била киднапирана поради долговите на нејзиниот татко

Полицијата интензивно работи на случајот за 15-годишната Тијана Јуриќ на која од пред повеќе од десетина дена ѝ се губи секаква трага. Според податоците до кои дојде српски „Курир“, таткото на Тијана должел пари, па затоа неговата ќерка ја киднапирале криминалци, кои ја држат се додека тој не го исплати долгот.

Полицијата дошла до сознание дека Игор Јуриќ неодамна им должел пари на „сомнителни лица”, но дека тој долг го вратил неодамна. Сепак, таткото на исчезнатата малолетничка и криминалците и понатаму се карале околу каматата, па најверојатно тоа е причината за да го киднапираат девојчето.

Вчера од полицијата изјавија дека Тијана е нивен приоритет на кој работат деноноќно идека нема да престане истрагата додека девојчето не биде вратено дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top