Македонската шаховска репрезентација ја забележа третата победа во 4.коло на шаховската Олимпијада во Тромсо, Норвешка, а успех е прокнижен против Албанија со 2,5-1,5.
На првата табла во дуел на двајца велемајстори Трајко Недев со црни фигури ремизираше со Дервиши, Филип Панчевски на втората табла загуби од Ашику, а минимален триумф на последните две табли ни донесоа Никола Митков и Влатко Богдановски.
Денеска противник ќе ни биде репрезентацијата на Хрватска, а Македонија со 3 победи и еден пораз е на 43. позиција. Во водство со 8 бода се репрезентациите на Азербејџан, Бугарија и на Србија.
За разлика од мажите, шахистките во 4.коло загубија од Летонија со 1-3. Единствената победа ја забележа Моника Стојковска на првата табла со црни фигури против женскиот велемајстор Реизниче.
Дамите по четири кола со три бода се на 91.место во конкуренција на 134 селекции кои учествуваат на женскиот турнир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Киненова“: Ексклузивна програма „Фокус на Норвешка“ во Кинотека на Македонија
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
ШК „Алкалоид“ се подготвува за Европскиот Клупски Куп 2018
-
2.700 евра ја делат 14 годишната Ирина од настап на Олимпијадата во Токио, државата и општината ја одбија поддршката (видео)


