Македонскиот репрезентативец Владо Илиевски нема среќа со повредите и го очекува нова пауза од кошаркарските терени. Кошаркарот на Цедевита токму во овој период требаше да се врати на теренот по незгодната повреда на мускулот. Илиевски повторно почувствува болка и, според последните информации, ќе паузира уште дополнителни три недели.
Хрватските медиуми тврдат дека нашиот репрезентативец сигурно нема да се врати на теренот до крајот на сезоната во Јадранската лига. Настапот на ЕП во Словенија во 2013 година, ако Илиевски одлучи да игра за Македонија, за среќа не е доведен во прашање.
Бекот на Цедевита сезонава, во просек, настапуваше по 19 минути по натпревар во АБА-лигата, а просекот му е 5,1 поени, еден скок и 2,7 асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.