| четврток, 6 декември 2018 |

Црна Гора го доби шампионот во лежење

лезење

Марко Ѓуровиќ од Подгорица е  победник на годинешниов шампионат во лежење, откако 37 часа поминал во таа положба, а воедно го уранал минатогодишниот рекорд за пет часа. Натпреварот почна во недела во етноселото Брезна кај Никшиќ, а заврши синоќа околу полноќ

-Патот до титулата не беше ни малку лесен, напротив. Конкуренцијата никогаш не била посилна – рекол Марко за подгорички „Вијести“

Петте најупорни учесници останаа до крај, а Ѓуровиќ во финалето го победил сограѓанинот Илија Шчекиќ.- Сите имаа тактика. Имаше дружење и шеги, се разбира , но најмногу психолошко натпреварување. Се обидуваваме да се обесхрабриме едни со други, но се чини јас бев најдобар – истакнал победникот.

Како што пренесуваат подгоричките медиуми, тој освоената награда од 300 евра ја поделил со уште тројца најупорни натпреварувачи.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top