| четврток, 6 декември 2018 |

Извозот со пораст од 17,8 отсто во првите шест месеци од годинава

гузва
Вредноста на извозот од Македонија во првите шест месеци од годинава изнесува 2,35 милијарди долари и бележи пораст од 17,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци, увозот во овој период изнесува 3,55 милијарди долари и бележи пораст од 11,5 проценти. Покриеноста на увозот со извоз е 66,4 проценти.
Трговскиот дефицит изнесува 1,19 милијарди долари долари.
Од Македонија најмногу се извезувале катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникел, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производи од железо и од челик (валани производи) и облека. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари-јуни 2014 година, најмногу 78,8 отсто се извезувало во земјите од ЕУ, потоа 13,7 отсто во земјите од Западен Балкан, а во увозот на стоки најголемо учество 64,5 отсто, исто така, имаат земјите членки на ЕУ.
Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија со кои е истргувано 52,8 отсто од вкупната надворешнотрговската размена.
Во јуни годинава вредноста на извозот е 400.760. 000 американски долари, а на увозот 564.933.000 американски долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top