Втор американски хуманитарен работник, кој се заразил со вирусот ебола во западна Африка, се очекува да пристигне денеска во САД во тешка состојба, а во њујоршката болница е примен човек со симптоми на смртоносната болест.
Мажот, кој дошол на ургентното одделение вчера со силна треска и стомачни болки, е во добра состојба и резултатите од првите истражувања покажале дека тој најверојатно не е заразен со ебола.
Од Либерија отпатува авион со мисионерката Нанси Рајтбол, која треба да пристигне во американскиот град Атланта за да биде лекувана од експерти по заразни болести во специјално изолирано одделение во локална болница.
Експерти од болницата почнаа во саботата да го лекуваат лекарот Кент Брантли, кој исто така се врати во САД откако се заразил со ебола во Африка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.