| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец победи на Светскиот шампионат во јадење луто

луто

Македонија е победник во Светскиот шампионат во издржливост во јадење луто во Берлин.

На натпреварот учествувале 15 храбри натпреварувачи од 9 земји, а се одржал во саботата.

Победникот Стефан Кан, кој ја претставувал Македонија, триумфирал како светски шампион во јадење чили. Втората награда ја освои Германија, а третата Полска.

-Жештината во устата, тоа можам да го толерирам. Стомакот е тој што се затвора многу брзо – изјавил Стефан по победата.

Натпреварувачите јаделе сос кари, почнувајќи со 10.000 сковили (единица мера за мерење лутина на пиперки), а завршиле со 7,7 милиони сковили кој е, всушност, резултатот на победникот Стефан Кан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top