Во БиХ во тек се подготовки на процедури за засилена санитарна инспекција поради вирусот ебола, изјави помошникот федерален министер за јавно здравство, Аида Пилав.
– До крајот на неделата би требало да бидат донесени сите мерки за заштита од тој вирус, додаде Пилав. Од СЗО има предупредување за најопасно ширење на вирусот ебола досега, за кој нема лек, а епидемијата е најголема во изминатите 40 години.
На белградскиот аеродром Никола Тесла од саботата веќе е засилено присуството на граничната санитарна инспекција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



