
Во Црногорското етно-село кое се наоѓа меѓу Никшиќ и Плужин, почна традиционалниот натревар во излежување. За титулата „џаболебар“ се пријавиле 13 натпреварувачи од Црна Гора, Србија и Хрватска.
Правилата се познати од порано – никој не смее да седне или да стане. Наградата за најиздржливиот е 300 евра.
Организаторите се задоволни од бројот на натпреварувачите, но се сомневаат дека некој ќе им ја одземе титулата на Црногорците.
Фаворит е Црногорецот Марко Ѓуровиќ, кој победил лани, а лежел 32 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


