| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската Царина со голема заплена минатата недела

Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија  повеќе обиди за криумчарење стока, при што се запленети девизи, цигари, дисплеи за мерни инструменти, мобилни телефони, облека и пластични токи.

царина

Задржана е следната стока:

Девизи
– 9.000 евра, откриени на граничниот премин Блаце, при личен претрес на германски државјанин, патник во патничко возило со германски регистарски таблички, пријавено за влез во државата. Патникот изјавил дека со себе носи две-три илјади евра, но при извршениот преглед, во внатрешен џеб од неговата јакна  пронајдени се 19.000 евра, за што не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 10.000 евра – износ што слободно може да се внесе во Република Македонија.

царина 2

Цигари
– 41 штека цигари, со македонски акцизни маркички, откриени се на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на патничко возило со бугарски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за излез од државата. Непријавените цигари се сокриени во куфер и под седиштата на возилото.

Дисплеи, мобилни телефони и пластични токи
– 2 индикаторни дисплеи за мерни инструменти, откриени на граничниот премин Деве Баир, при контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата. Дисплеите, сопственост на македонски државјанин, патник во возилото, пронајдени се под совозачкото седиште на возилото.
– 9 мобилни телефони, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на багажот на македонски државјанин кој допатувал со лет од Белград. Мобилните телефони пронајдени се помеѓу личните работи, во две патни торби на патникот.

– 36.000 пластични токи за ремени, откриени од страна на царинските инспектори од Одделението за истраги, при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Скопје 2.

царина 3

Облека
– 212 парчиња облека (фустани, кошули и тренерки) и 200 пластични закачалки, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на македонски државјанин кој пристигнал со лет од Лондон.

– 79 парчиња облека (фустани и блузи), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи биле сокриени во просторот за резервно тркало на возилото..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top