| четврток, 6 декември 2018 |

Бени: Кој ни е крив што правиме петпарачка музика

Домашните музичари во почетокот на годинава конечно добија конкретна парична помош за продуцирање популарна музика, откако државата им стана последна надеж за да го задржат континуитетот во кариерата. Сепак, тие сѐ уште мака мачат да обезбедат ресурси за достојно концертно презентирање на своите дела, пишува „Дневник“.

За разлика од нив, Цеца, Аца Лукас и други пејачи од соседството што се декларираат како интерпретатори на поп-фолк, промоторите ни ги испорачуваат секоја година. Им се исплаќаат вртоглави хонорари, а нивните перформанси се најавуваат како настани на годината. Организаторите си го гледаат сопствениот ќар, но повторно се отвора прашањето што тоа значи за македонските изведувачи, за домашната сцена и за македонскиот идентитет воопшто.

Сосема поинаков став има Арбен Шаќири, популарниот Бени од „Нонстоп“, кој веќе со години е еден од најактивните македонски музичари кога се во прашање настапите во живо.

Kој ни е крив што правиме петпарачка музика. Себеси се убедуваме дека сме најдобри, дека сите други ни се виновни. Сами сме одговорни за сѐ што се случува.

Тој смета дека пејачи како Цеца и Аца Лукас користат сериозни студија за снимање, имаат сцени од милион долари, го опипуваат пулсот на народот и што е најважно, ги имаат медиумите во рака, кои им даваат максимална поддршка.

Нас овде никој жив не нѐ рецка. Препуштени сме сами на себе. Никој банка не дава, не сакаме да работиме, мрзливи сме, троми и немаме идеја. Затоа, секоја чест за ѕвездите од соседството што животот го потрошија да нѐ убедат дека нивното е исправно, а ние ќе седиме на „Фејсбук“ и ќе лаеме како сме жртви, како сме оштетени – завршува Бени.

Целиот текст на „Дневник“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top