„Алкалоид“ регистрираше ново друштво во Словенија, под името „АЛКA-ЛАБ“, со седиште во Љубљана. Станува збор за воведување сопствена хемиска лабораторија за тестирање на производи на територијата на Европската Унија, со цел пуштање во промет серија лек, инвестиција вредна околу 600.000 евра.
Новоформираното друштво е во 100 проценти сопственост на „Алкалоид АД“ Скопје. Зајакнување на позициите на пазарите на ЕУ како и постигнување што поголемо пазарно учество, се главните цели од кои произлегува овој потфат.
Со континуираните вложувања во и надвор од границите на Македонија, „Алкалоид“ ги продолжува активностите за зацврстување на извозните позиции на компанијата како главна стратешка определба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати во 2017 година
-
„Алкалоид АД“ годинава со 9 отсто поголема добивка од лани и 92 нови вработувања за девет месеци