Пејачот Мајкл Џонс, кој стасал до финалето на американската верзија на натпреварувањето „Идол“, е пронајден мртов.
Пејачот имал 35 години. Оваа информација ја објавил менаџерот на пејачот на Твитер.
– Со тешко срце објавуваме дека нашиот пријател Мајкл Џонс почина. Засега нема да објавуваме информации за неговата смрт и ве молиме за приватност поради неговото семејство – напишал менаџерот.
Неофицијално, причината за смртта на Мајкл е затнување на крвните садови на ногата.
– Мојата мајка го однесе Мајкл во ургентниот центар во четвртoкот откако се пожали на болка во ногата. Тој мислеше дека стаnува збор за затнување на крвните садови бидејќи ногата му беше отечена и сина – рекол пријателот на Мајкл, Тори Гимбли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



