| четврток, 6 декември 2018 |

Во Црна Гора започна натпревар во лежење

Во црногорското етно село Брезни, денеска почна традиционалниот натпревар во лежење.

lezenje

За титулата најдобар „излежувач“, годинава се пријавија 13 натпреварувачи, од кои половината се од Србија и Хрватска.

Со само едно правило, по никоја цена не смеат да станат или да седнат, пред натпреварувачите се часови лежење, а најдобриот ќе ја земе наградата од 300 евра.

Организаторите се задоволни од меѓународниот карактер на натпреварот, но сметаат дека тешко некој да се најде подобар во лежење од Црногорец.

Минатата година победи Мирко Ѓуровиќ, кој е и овогодишен фаворит, кој лежеше 32 часа.

на овогодинешниот натпревар му претходеше и нова дисциплина, маратон на 50 метри, во кој победник беше оној кој последен стаса на целта. Годинава тоа беше локалниот натпреварувач Борис Круниќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top