| четврток, 6 декември 2018 |

На семакедонските средби во Трново упатени пораки против промената на државното име

trnovo

Пораки против промената на државното име, против заедничко чествување на наши историски датуми со Бугарија и против реставрирање на бугарските и српските гробишта од Балканските и Првата светска војна беа упатени денеска од Семакедонскиот собир во Трново. Таму за првпат заеднички се одржаа 34 –та средба на егејските здруженија и 43 –та иселеничка средба. Настанот го благослови архимандритот Никодим Царкњаз.

На Илиндеската прослава во Трново се собраа стотици иселеници и Македонци протерани од Егејскиот дел на Македонија. Тодор Петров од Светскиот Македонски конгрес пред присутните изјави дека и по сто години од Првата светска војна, македонскиот народ се уште чувствува агресија врз својот идентитет.

Од Матицата на иселениците ги отфрлија иницијативите за заедничко чествување со Бугарија на исти датуми, настани и личности се додека  официјална Софија тврди дека Македонците кај нив се Бугари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top