| четврток, 6 декември 2018 |

Во Италија: Американци повикале полиција поради високата сметка за сладолед!

sladoled

Американска брачна двојка побарала интервенција на италијанската полиција, револтирани од превисока сметка во слаткарница во Рим.

За три сладоледи и за литар обична вода,тие морале да платат 42 евра, или по 13 евра за еден сладолед.

Американците сметаат дека тоа е „недозволиво и неоправдано скапо“ особено што претходно, за ручек, во кој имало и литар италијанско вино платиле, како што велат, сосема прифатливи 59 евра.

– Не може еден ручек да чини, безмалку колку и сметката во една слаткарница,  изјавил за римските медиуми револтираниот Американец. Тој рекол дека шетајќи низ Рим, тој и неговата сопруга, постојано вимавале да не станат жртва на локалните џепчии,но дека на крајот, сепак, биле „ограбени“ кога најмалку се надевале – од сопственикот на слаткарницата.

Американските туристи, прво одбивале да ја платат сметката и почнале да се расправаат. Подоцна платиле и си заминале. Но, следниот ден се вратиле во истата слаткарница,носејќи со себе двајца полицајци од кои побарале заштита од „грабливите“ слаткари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top