| четврток, 6 декември 2018 |

Една возачка дозвола за Европа

Возачки дозволи во форма на кредитни картички кои ќе важат во ЕУ ќе започнат да се користат од 19-ти овој месец. Досегашните стотина модели на возачки дозволи ќе бидат заменети со една единствена. Новата директива околу возачките дозволи стапува на сила на 19-ти јануари, што значи дека сите нови дозволи издадени по тој датум во сите земји членки ќе мора да бидат изработени според единствениот европски модел.
Со новите прописи се укинуваат возачките дозволи со неограничен рок на важност кои ги имаат некои земји членки и тие мора да бидат заменети до 19 јануари 2033 година. Земјите членки имаат можност да издаваат дозволи со рок на важење од 10 до 15 години. Дозволите за професионалните возачи ќе важат пет години, а кај секое продолжување на важност ќе моера да поминат низ лекарски преглед.

Се воведуваат и строги правила за управување со моторцикли. За управување со скутер, најмалите моторцикли, ќе се бара полагање на теоретски испит, а земјите членки може да одлучат и за воведување на практичен дел.

Новата директива би требало да ја овозможи праксата на оние на кои им се одземена возачката дозвола во една земја да полагаат во друга земја членка.

Директивата е донесена во 2006 година, а земјите членки мора да ја имплементираат во своето законодавство до крајот на минатата година, за може да се спроведе од 19 јануари 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top