Познатата модна марка „Зара“ повторно се најде во средина на скандал, откакот револтираните вработени се побунија против нечовечките и сѐ потешки работни услови, поради кои мораа да прескокнуваат оброци за да преживеат, пишува „Хафингтон пост“ .
Глобално популарната е марка во сопственост на групацијата „Индитекс“ група од Шпанија, и додека нејзините сопственици котираат високо на листата на најбогатите луѓе во светот, нивните вработени гладуваат. По бунтот на вработените минатата година во Шпанија, дојде време и за САД.
– Нѐ експлоатираат! Мораме да го прескокнуваме оброците за да преживеме – порачаа работниците од „Зара“ на протестот во Њујорк.
Незадоволните работници се борат за полно работно време и еднакви можности за напредување на сите, без разлика на етничката и расна припадност.
– Работам тука од 2012 година. На почетокот работев по 40 часа неделно, а со платата можев да им помогнат на родителите и да платам за своето образование. Сега работам само 16 часа неделно. Со овој распоред треба да изберам дали ќе ги платам сметките, киријата или нешто за јадење – вели 23-годишната Шарлин Сантос, една од работничките.
Главниот проблем на вработените е што „Зара“ постојано вработува нови кадри, а на постоечките им ги намалува работните часови, а со тоа и платата.
Минатата година фирмата оствари три милијарди долари профит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


