Двата историски Илиндена – 111 години од Илинденското востание и 70 години од Првото заседание на АСНОМ денеска ќе бидат одбележани со народни собири на Мечкин Камен во Крушево и во Меморијалниот комплекс АСНОМ во кумановското село Пелинце. Денот на Републиката оваа година се одбележува под мотото „Од сон до Сонце“.
Претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски ќе се обрати на централната свеченост во Крушево. Таму ќе биде положено цвеќе на гробот на Никола Карев, на местото Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен, каде што ќе се одржи голем народен собир. Премиерот Никола Груевски ќе се обрати на собирот во Пелинце, а претседателот на државата Ѓорге Иванов во Скопје, пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, претседател на Президиумот на АСНОМ.
За чествувањето на националниот празник, Владата на РМ оваа година подготви неколкудневна богата и сеопфатна програма со разновидни активности и вклученост на повеќе институции.
Во Крушево за Илинден традиционално стигнаа коњаниците од Илинденски марш, а градот во наредните денови ќе биде домаќин на научно-културната средба „Десет дена Крушевска Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст