Новите истражувања покажуваат дека кога станува збор за секс за една ноќ, на жените не им е важна големината на пенисот, туку неговиот обем.
За потребите на истражувањето кое беше спроведено на Универзитетот на Калифорнија, 41 жени погледнаа и почувствуваа серија на 3Д модели на пениси. Моделите беа во различна големина, од 10 см должина и обем на 21,5 см, до 6 см во должина и обем од 17 см.
Од испитаниците беше побарано да изберат со кој од 33. модели би го преферирале кога станува збор за секс за една вечер, кој модел би го одбрале како идеален за постојан партнер. За една ноќ, жените избрале пениси со поголем обем од оние кои се избрани за постојана врска.
Но, кога станува збор за должината, немало разлика помеѓу оние кои се избрани за една ноќ и постојана врска, напротив, и во двата случаи, жените избрале пенис со просечна должина од околу 10,5 см.
Извор: menshealth.rs
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.