Иако се очекува трговскиот договор да биде исклучително сложен, и преговарањето да трае со години, сепак, и во Брисел и во Вашингтон изразуваат силна поддршка за оваа историска мерка особено заради последиците од економската криза. Очекувањата се дека укинувањето на царинските и регулаторните ограничувања меѓу две од трите најголеми економии во светот ќе го зголеми бруто домашниот производ за половина до еден процент, и ќе создаде нов центар за развој на слободната трговија со Азија, Јужна Америка и Африка.
– Мислам дека политичарите и преговарачите од двете страни навистина сакаат ова да го сторат бргу. Си поставија многу амбициозна агенда. Приватно признаваат дека процедурата ќе трае подолго, но во исто време мораат да постават кратки рокови, за да вршат притисок врз преговарачите и врз функционерите и политичарите од двете страни. Ако ги поставиме роковите за две, три години од сега, што ќе постигнеме? Ништо нема да се случи сега, сите ќе чекаат разговорите и преговорите да почнат кога ќе се приближи крајот на рокот, смета Фредрик Ериксон, угледен шведски економист и директор на Европскиот центар за меѓународна економска политика.
Ериксон појаснува дека договорот нема директно да се одрази врз државите кои не се членки на ЕУ, како што е Македонија. Но, кандидатскиот статус, ќе значи дека Македонија може бргу да влезе во очекуваниот втор бран, за соседните држави од двата континенти. Овие ефекти би значеле дека македонските производи и услуги ќе можат, освен да бидат лесно и без плаќање на давачки да бидат пласирани на американскиот пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.