| четврток, 6 декември 2018 |

Раководството на СОНК без поддршка од поголемиот дел на професори и наставници

SONK-

„Ако сте во право, јавно ќе се извиниме“. Раководството на штипскиот универзитет им пружи рака на професорите кои штрајкуваат со глад.

Деканот на Универзитетот уште еднаш ги повика професорите да го прекинат штрајкот.

Раководството на синдикатот нема поддршка од голем број на професори и наставници, јави Алфа. Телевизијата информира дека СОНК одржал состанок во мал состав, без присуство на поголем број од членовите.

Алфа објавува дека опаѓа заинтересираноста за протестот кај наставниците и дека голем дел од нив веќе и на социјалните мрежи го изјавиле својот револт.

Повеќе професори информираат дека на состанокот на СОНК од вкупно 21 претседател на синдикални организации, присуствувале само 5. Поради недостатокот на кворум, присутните не можеле да донесат официјална одлука, односно констатирале дека нема заинтересирани за утрешниот протест.

sonksonk22

Заканувачките пораки, објавува Алфа, се доказ дека раководството на СОНК се плаши од неуспешноста на протестот најавен за утре.

Раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, притиска да се излезе на штрајк, што отвора простор за сомнеж дека штрајкот е организиран поради сосема други причини. Ова е само уште една потврда за сомнителната позадина на протестите и дека целта е многу поголема од наведената- да се бранат правата на тројцата професори.

А тројцата професори, барем како што тврдат, штрајкуваат со глад повеќе од три недели. Да се издржи без јадење повеќе од три недели е тешко и речиси невозможно. Можеби ова е и рекорд на издржливост, доколку навистина се штрајкува со глад. Медицинската статистика вели дела во текот на првите три дена од одбивање на храна, телото и понатаму ја користи енергијата што ја црпи од глукозата. Но, кога резервите ќе се потрошат, црниот дроб почнува да ги обработува телесните масти. Така телото уште некое време издржува хранејќи се само од себе, а по три недели влегува во фаза на акутна изгладнетост.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top