| четврток, 6 декември 2018 |

Незавршена турнеја – 51 година од скопскиот катастрофален земјотрес

Не­кои на­ста­ни со исто­ри­ско зна­че­ње не се од­бе­ле­жу­ва­ат са­мо на одре­ден број го­ди­ни, ту­ку на нив се по­тсе­ту­ва­ме ре­чи­си се­ко­ја го­ди­на. Та­ков на­стан е скоп­ски­от ка­та­стро­фа­лен зем­јо­трес, кој се слу­чи пред 51 го­ди­на. Таа при­род­на ка­так­лиз­ма пре­диз­ви­ка ко­ре­ни­ти про­ме­ни на це­ло­куп­ни­от жи­вот на гра­дот

На­ста­нот се слу­чи за­вре­ме на го­диш­ни­те од­мо­ри, па та­ка не си­те гра­ѓа­ни го до­жи­ве­а­ја на са­мо­то ме­сто, ту­ку и да­ле­ку од Скоп­је. Та­ков е слу­ча­јот со хо­рот на про­свет­ни­те ра­бот­ни­ци „Ко­чо Ра­цин“ од Скоп­је. Тој на 22 ју­ли 1963 го­ди­на трг­на на тур­не­ја низ со­сед­на Бу­га­ри­ја, ка­де што тре­ба­ше да одр­жи пет це­ло­ве­чер­ни кон­цер­ти. Ра­до­ста де­ка прв­пат за­ми­ну­ва­ме на го­сту­ва­ње во странс­тво бе­ше го­ле­ма за­што го­рев­ме од жел­ба да го пре­зен­ти­ра­ме на­ши­от фолк­лор, но и ком­по­зи­ции од стран­ски авто­ри. Со хо­рот, кој бро­е­ше по­ве­ќе од 80 чле­на, ди­ри­ги­раа на­ши­те поз­на­ти ди­ри­ген­ти и ком­по­зи­то­ри Трај­ко Про­ко­пи­ев и Гли­гор Смо­квар­ски.

Па­ту­вај­ќи кон Кри­ва Па­лан­ка, не­ка­де по пла­нин­ски­от пре­мин Стра­цин, на­и­дов­ме на пре­вр­те­но „фи­ќо“ на скоп­ска фа­ми­ли­ја ко­ја оде­ше на од­мор во Бу­га­ри­ја. Вед­наш се ан­га­жи­рав­ме во спа­су­ва­ње­то, осо­бе­но на де­ца­та. Го­ле­ма сре­ќа бе­ше што „фи­ќо­то“за­ста­на­ло на са­мо еден ме­тар од дла­бо­ка­та безд­на! По оваа не­сре­ќа, фа­ми­ли­ја­та се вра­ти во Скоп­је, а ние за да се со­зе­ме­ме од не­о­че­ку­ва­ни­от шок, мал­ку по­тоа за­ста­нав­ме на ед­на ли­ва­да. По­тоа про­дол­жив­ме кон Со­фи­ја, ка­де што нѐ оче­ку­ваа на­ши­те до­ма­ќи­ни од хо­рот „Ка­вал“.

Zemjotres-Skopje-1963-2

Одмор по незгодата со „фиќото“

Дру­ги­от ден, 23 ју­ли, ве­чер­та имав­ме из­во­нре­ден кон­церт пред пре­пол­на­та лет­на сце­на во град­ски­от парк. На­ста­пот ре­чи­си по се­ко­ја из­вед­ба бе­ше прос­ле­ден со бур­ни ап­ла­у­зи и че­сто­то „бис“. Кул­ми­на­ци­ја­та бе­ше при из­вед­ба­та на „Ра­ка­тка­та“ (Ру­ко­вет) од Сте­ван Мо­кра­њац, ка­де што пре­ов­ла­ду­ва ма­ке­дон­ски­от ме­лос од охрид­ски­от крај („Бил­ја­на плат­но бе­ле­ше“) и ком­по­зи­ци­ја­та „Ехо“ од ре­не­санс­ни­от ита­ли­јан­ски ком­по­зи­тор Ор­лан­до ди Ла­со. След­ни­от ден, во до­бро рас­по­ло­же­ние, про­дол­жив­ме за гра­дот Га­бро­во. Бев­ме из­ве­сте­ни де­ка кај гра­ѓа­ни­те вла­дее го­лем ин­те­рес за на­ши­от на­стап. Не­кол­ку ки­ло­ме­три пред гра­дот, на­ши­от втор авто­бус на­пра­вил со­о­бра­ќај­ка со бу­гар­ски мос­квич, при што де­тен­це лет­на­ло низ отво­ре­на­та вра­та во ни­ва­та! Мно­гу од хо­ри­сти­те беа се­ри­оз­но по­вре­де­ни. Тоа при­до­не­се мно­гу­број­на­та пуб­ли­ка, па и ние – по­ло­ви­на­та од хо­рот – да до­жи­ве­е­ме раз­о­ча­ру­ва­ње по­ра­ди не­о­др­жу­ва­ње­то на кон­цер­тот. Не оста­ну­ва­ше ни­што дру­го освен дру­ги­от ден да про­дол­жи­ме за крај­ду­нав­ски­от град Ру­се, но ве­ќе со по­зај­мен авто­бус за­тоа што на­ши­от оште­тен се вра­ти за Скоп­је. Ре­чи­си со са­мо­то при­стиг­ну­ва­ње во Ру­се се под­го­твив­ме за на­стап иа­ко дел од хо­ри­сти­те сѐ уште чув­ству­ваа бол­ки. Во са­ла­та на До­мот на кул­ту­ра­та, ис­пол­не­та до ма­кси­мум, со си­те нез­го­ди во ис­пол­ну­ва­ње­то на про­гра­ма­та ка­ко да се над­ми­нав­ме се­бе­си! Опи­е­ни од ус­пе­хот, оста­нав­ме буд­ни ду­ри по­доц­на од пол­ноќ.

На 26 ју­ли ра­но изу­три­на­та од­го­вор­ни­от нѐ бу­де­ше, но во исто вре­ме тој слу­шал сил­но бу­бо­те­ње и за­тоа пог­лед­нал од про­зо­ре­цот да ви­ди по ули­ца да не ми­ну­ва­ат тен­ко­ви. Ули­ца­та би­ла пу­ста! Тоа е вре­ме­то на скоп­ска­та ка­та­стро­фа.

Во Скоп­је 5.17 ча­сот, а во Ру­се 6.17 ча­сот. Иа­ко не­нас­па­ни, но во ве­се­ла ат­мо­сфе­ра оди­ме на по­ја­док и от­та­му за­ми­ну­ва­ме за Вар­на со не­ве­ро­јат­на жел­ба да го по­вто­ри­ме ус­пе­хот пред вар­нен­ци и мно­гу­број­ни­те ту­ри­сти. Око­лу плад­не за­ста­ну­ва­ме кај ед­на чеш­ма со по­ве­ќе ко­ри­та за по­е­ње до­би­ток и ви­сок ѕид. Не­кои од пр­ви­от авто­бус одат да из­вр­шат фи­зи­о­ло­шки по­тре­би. Ние од вто­ри­от авто­бус гле­да­ме од да­ле­ку ре­ди­ца го­ли зад­ни­ци на не­кои хо­рис­тки, вре­ска­ме и пра­ви­ме ви­це­ви на нив­на сме­тка (тоа бе­ше и крај на на­ше­то ве­се­ло рас­по­ло­же­ние).

По осве­жу­ва­ње­то, го про­дол­жу­ва­ме па­тот, но одед­наш ед­на од хо­рис­тки­те, ко­ја но­се­ше тран­зи­стор, воз­бу­де­но из­ви­ка: „Лу­ѓе, Скоп­је е по­го­де­но од си­лен зем­јо­трес!“ Мно­зи­на во смеа из­ви­ку­ва­ат: „Е де, не е прв­пат, на­вик­нав­ме на тоа!“ Хо­рис­тка­та низ плач го по­да­ва тран­зи­сто­рот на со­сед­на­та хо­рис­тка за да чуе и по мал­ку и таа со ужас сви­ка: „На­ви­сти­на си­лен зем­јо­трес, Скоп­је е срам­не­то со зем­ја!“

Zemjotres-Skopje-1963-4

Еден од настраданите хористи

За миг зав­ла­деа молк кој овоз­мо­жи гла­сот на тран­зи­сто­рот да го слу­ша­ат си­те. На­ста­на не­ви­ден ха­ос. Уште по­ве­ќе тоа се изра­зи ко­га Ра­дио Скоп­је поч­на да на­бро­ју­ва и ими­ња на за­ги­на­ти, осо­бе­но од на­сел­ба­та Кар­пош 2 и од пло­шта­дот „Сло­бо­да“. При тоа на­бро­ју­ва­ње ра­ди­о­то спом­на и име на де­тен­це – Зла­тко. Од зад­ни­те се­ди­шта се чу ре­зок ври­сок на ед­на по­во­зрас­на хо­рис­тка: „Зла­тко на ба­ба, Зла­тко­о­оо!“ И поч­на да ја уди­ра гла­ва­та од авто­бу­сот. Од­го­вор­ни­от, гле­дај­ќи ја ха­о­тич­на­та со­стој­ба, из­ви­ка: „За­бра­ну­вам да слу­ша­те ра­дио!“ Но, кој го слу­ша… По­тре­се­ни и за­гри­же­ни, при­кве­чер при­стиг­нав­ме во Вар­на. Та­му сѐ уште не се зна­е­ше за ка­та­стро­фа­та. Мно­гу скоп­ја­ни ко­га нѐ за­бе­ле­жаа, дој­доа кај нас и ние им ја ка­жав­ме со­стој­ба­та. Ме­ѓу нив бе­ше и нај­ма­ли­от брат на на­ши­от поз­нат ар­тист Дра­ги Ко­стов­ски. Ко­га слуш­на за не­сре­ќа­та, со плач се стрч­на по ули­ца­та и пла­чеј­ќи ви­ка­ше „Лу­ѓе, Скоп­је ве­ќе го не­ма – си­лен зем­јо­трес!“ И се за­гу­би ме­ѓу ше­та­чи­те кои за­чу­де­но го сле­деа со пог­лед. Тур­не­ја­та за­вр­ши! Ни­кој ве­ќе не мис­ле­ше на ни­што дру­го освен на тоа – ка­ко ли е та­му?

Ве­сти­те про­дол­жу­ваа, а со тоа и бро­јот на за­ги­на­ти, бли­ски на не­кои на­ши хо­ри­сти, рас­те­ше се­кој час. На пол­ноќ оти­дов­ме на же­лез­нич­ка­та ста­ни­ца ка­де што ни беа одре­де­ни три пат­нич­ки ва­го­ни и хра­на и трг­нав­ме за до­ма во не­ви­де­на аго­ни­ја од не­поз­на­то­то.

Zemjotres-Skopje-1963-3

Појадок по 1 час од земјотресот утрото на 26.07.1963 г. во Русе

Дру­ги­от ден, 27 ју­ли, при­стиг­нав­ме на же­лез­нич­ка­та ста­ни­ца „Цр­ве­ни крст“ кај Ниш. Ту­ка го че­кав­ме во­зот за Скоп­је. Ду­ва­ше јак то­пол ве­тер и кре­ва­ше си­вка­ста прав ко­ја ни ги пол­не­ше и та­ка ве­ќе за­цр­ве­не­ти­те очи од пла­че­ње и од нес­пи­е­ње. За це­ло вре­ме во­зо­ви, еден по друг, со ра­не­ти од Скоп­је за­ми­ну­ваа на се­вер. Во ва­го­ни­те се бе­ли пре­вр­за­ни гла­ви, ра­це и но­зе во гипс и ли­ца во очај. На на­ше­то пра­ша­ње ка­ко е во Скоп­је,тие нѐ пра­шу­ваа: „Ка­де оди­те? Скоп­је ве­ќе не по­стои!!!“ При­стиг­на во­зот од Бел­град и ги прик­лу­чи на­ши­те три ва­го­ни, ва­го­ни на ле­ле­кот и на пла­чот! И та­ка, во­зот ју­ри кон Скоп­је, но на же­лез­нич­ка­та ста­ни­ца Ма­џа­ри за­пи­ра. По из­вес­но че­ка­ње про­дол­жу­ва, но ве­ќе оди од­вај за­бе­ле­жа­но ка­ко да ми­ну­ва низ мин­ско по­ле. Сѐ та­ка до глав­на­та же­лез­нич­ка ста­ни­ца во Скоп­је. Сле­гу­ва­ме по­да­ле­ку од неа, оти таа е во ур­на­ти­ни. Таа уба­ва ар­хи­те­ктон­ска „на­пра­ва“ за­ми­на во исто­ри­ја­та со сво­и­те еле­гант­ни пер­о­ни, плоч­ни­ци и ту­не­ли! Освет­лу­ва­ње низ гра­дот ка­ко и да не­ма. Нѐ пре­ду­пре­ду­ва­ат да се дви­жи­ме во гру­пи спо­ред тоа кон ко­ја на­сел­ба оди­ме. Нај­за­гри­же­ни се тие од нас што жи­ве­ат во Кар­пош и око­лу пло­шта­дот„Сло­бо­да“ за­што ту­ка згра­ди­те се гра­де­ни без „рам-кон­струк­ци­ја“ и ка­то­ви­те се спле­ска­ле ка­ко „сенд­вич“, а под нив мно­гу жр­тви. Гра­дот е пуст и са­мо ми­ли­ци­о­не­ри се дви­жат за да спре­чат гра­бе­жи.

Ту­ка поч­ну­ва пос­лед­на­та гол­го­та – ко­го и ка­ко ќе го за­тек­не­ме во не­из­вес­но­то „до­ма“? Тој ден, 27 ју­ли 1963 го­ди­на, еден ита­ли­јан­ски вес­ник на сво­ја­та пр­ва стра­ни­ца има­ше на­пис под нас­лов „Ла чи­та Скоп­је, нон ези­ста пју“

Ри­сто Ќор­то­шев

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top