Дваесетгодишниот Бјорн Петер Тосе од Норвешка, студент на Музичката академија и голем љубител на балканската фолклорна музика оваа година е дел од фестивалот „Илинденски денови“ кој се одржува во Битола, а публиката има можност да ужива во неговата изведба на хармоника.
Она што е интересно е тоа што ова момче е чистокрвен Норвежанец, роден во Осло, без никакви балкански корени, но сепак е вистински вљубеник во балканската музика, која веќе 6 години ја свири на хармоника.
Има освоено бројни награди од кои две први места во Норвешка, а бил прва хармоника и во Србија. Се почнало со импровизација, а веќе почнал и да пишува свои композиции. Дел од нив ќе ги слушне и битолската публика.
Експериментирајќи со нешто што го нарекува Моцарт на балкански начин младиот Норвежанец успеа да ги разигра и туристите кои беа во близина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




