| четврток, 6 декември 2018 |

Албанија затвора четири амбасади

Советот на министри на Албанија на денешната редовна седница ја усвои одлуката за затворање на неколку амбасади низ светот, меѓу кои и амбасадата во Сараево.

Albanija,Tirana, trg skenderbeg 0409 2008,snimioD.MILOVANOVIC

Албанската влада, во рамки на реформата во надворешната политика, донесе одлука за затворање на амбасадите во Малезија, Португалија, Индија и во Босна и Херцеговина.

Во соопштението на албанската влада се наведува дека процедурата за затворање на споменатите амбасади ќе ја спроведе албанското Министерство за надворешни работи, но во него не се наведуваат и причините за затворањата.

Одлуката ќе стапи во сила веднаш по објавувањето во Службен весник.

Албанското Министерство за надворешни работи минатата недела најави длабоки реформи во надворешната политика на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top