64-годишната српска државјанка Јованка Мијатов доживеала бизарна сообраќајна несреќа во САД, која на крајот била кобна за нејзиниот живот. Додека Мијатов, која живеела во Шерервил, се движела по автопатот Бишоп Форд со нејзиниот автомобил „нисан верса“, во еден момент во десната страна на автомобилот со голема брзина се забило автомобилско тркало, кое се откачило од џип што се движел во спротивен правец. Од силината на ударот на тркалото, кое прелетало повеќе метри, смртно настрадала Јованка.
Недалеку од местото на несреќата, полицијата ја сопрела 48-годишната Марина Бланко од Хемонд во Индијана од чијшто џип испаднало тркалото.
Познајниците на Мијатов велат дека таа била екстремно внимателна во сообраќајот, и поради страв од вакви непредвидени ситуации купувала нов автомобил на секои две години. Сепак, овој пат настрадала без нејзина вина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.