| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Одличен е развојниот тренд на економијата и индустријата

груевски

Растот на индустриското производство од 4,9 проценти е одличен. За првото полугодие растот е за околу 4,5 проценти. Се наоѓаме во време кога економијата и особено индустријата имаат одличен развоен тренд – изјави Никола Груевски, премиерот на Република Македонија коментирајќи ја информацијата на Државниот завод за статистика кој соопшти дека индустриското производство во јуни 2014 година, во однос на јуни лани е поголемо за 4,9 отсто.

– Тоа не зависи само од нас, туку и од опкружувањето, а најмногу од земјите во кои извезуваме и со кои соработуваме. Со надеж дека и европската економија ќе продолжи со опоравување веруваме дека овој тренд ќе биде што подолг. Ваквите услови ќе се одразат кон крајната цел – отворање на нови работни места во Македонија – рече Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top