Италијанскиот тренер и селектор на Русија Фабио Капело иако наиде на остри критики по светското првенство во Бразил на кое со репрезентацијата на Русија не оствари ниту една победа во групата и прерано ги заврши настапите, изјави дека останува селектор на оваа земја.
Фудбалскиот сојуз на Русија со Капело имаа два сотанока во три дена и одлучија и Италијанецот да остане на клупата на „зборнаја“.
Капело го продолжи договорот со рускиот сојуз оваа година во јануари кој е со важност до 2018 година по завршувањето на светското првенство кое токму се организира во Русија.
Тој е најплатениот селектор во светот со годишна зарабоотувачка од околу 8 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


