Најпопуларната навивачка од Парагвај, Лариса Рикелме, стана заштитно лице на компанијата „Врело цвеќе“ која се занимава со изработка на производи за секс шопови.
Бразилската компанија која е лидер во оваа област, за десетгодишнината од постоењето одлучиле да ја ангажираат преубавата Лариса за нивниот каталог за 2013 година кој ќе биде објавен во март и за кој нема сомневање дека ќе измамни многу машки воздишки.
Компанијата произведува повеќе од 700 производи, меѓу кои козметика, секси играчки, долна облека, разни помагала, кондоми…
Лариса се прослави на светското фудбалско првенство во Јужна Африка во 2010 година каде што го привлече вниманието на светските медиуми со нејзините бујни гради меѓу кои го чуваше нејзиниот мобилен телефон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.