Дваесет и седумгодишниот таксист од Мозамбик бил брутално малтретиран само затоа што, наводно, немал платено паркинг. На видеото се гледа како полицајците го врзуваат за комбе со лисици, а потоа го влечат по улица неколку стотини метри. Весникот Дејли Сан пишува дека момчето подоцна било однесено во затвор каде неколку пати бил претепан, по што починало во ќелија во Јоханесбург.
Полицајците тврделе дека тие го ставиле во полициско возило со намера да го одведат до полициска станица, но не можеле да објаснат од што починал.
Целиот случај излегол на виделина откако Дејли Сан го објавил шокантното видео.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.