
Македонската полиција презеде интензивни активности и контроли на делот кон границата со Албанија по разбојништвото што се случи во вторникот напладне во Дебар во две златарници изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, пишува „Макфакс“.
Разбојниците имале фантомки и биле вооружени, а по разбојништвото побегнале. Во Клиничкиот центар во Скопје се пренесени двајца ранети, а еден од нив е и сопственикот на една од златарниците Меџит Еребара.
Главната улица во Дебар каде се златарниците „Џити“ и „Ер Голд“ на семејството Еребара и понатаму е блокирана и надлежните институции ги извршуваат истражните активности. Од пукотниците има искршени стакла.
Во градот очевидци тврдат дека при повлекувањето, разбојниците зеле поголеми количини на златен накит, но исто така во едно од двете возила внеле еден член на бандата кој бил или ранет или загинал од истрелите во пресметката на член на семејството на златарите и разбојниците
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Притвор за тројца осомничени за убиството на семејството од Дебар
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија


