
Брендот „Произведено во Чехословачка”, кој е веќе подзаборавен по разделувањето на поранешната заедничка држава меѓу Чешка и Словачка ќе оживее со денешниот договор меѓу Чешката извозна банка (ЧЕБ) и словачката „Ексимбанк” потпишан во Братислава.
Обновената марка „Чекхословачка”, според ЧЕБ се базира на заеднички историски врски на надворешната трговија и производство, јави дописникот на МИА.
Договорот помага во развивање на меѓусебната соработка при поддршката на извозот во трети земји во кои извозници ќе бидат во можност да ја продолжат традицијата на марката „ЧехоСловачка”, која во споредба со минатото, во средината има голема буква С, означувајќи ја посебната држава.
– Целта на договорот за соработка е освен проширување на просторот за двете институции во заеднички проекти и извозни трансакции во трети земји и проширување на можностите за соработка во форма на добивање на информации за соодветни извозници/увозници. Како и идентификација на соодветни заеднички проекти или трансакции, вели во соопштението, директорот за меѓународни односи во ЧЕБ, Петр Крижан.
Словачкиот претседател Андреј Киска се изјасни дека е против ваквата иницијатива.
– Таа марка веќе е минато, рече Киска неодамна, при посетата на Прага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


