| четврток, 6 декември 2018 |

Просечната нето-плата во мај изнесувала 21.483 денари

broenje pari

Просечната месечна исплатена нето-платата по вработен, во мај 2014 година изнесувала 21.483 денари и е за 0,9 отсто повисока во однос на истиот месец од претходната година, додека износот на бруто-платата бил 31.429 денари и е повисок за 0,6 отсто од лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (10,9 отсто), Градежништво (8,2 отсто) и Административни и помошни услужни дејности (6,4 отсто), како и на повисоката бруто-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (9,1 отсто), Градежништво (7,6 отсто) и Административни и помошни услужни дејности (4,9 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (25,3 отсто), Информации и комуникации (5,1 отсто) и Стручни, научни и технички дејности (4,5 отсто). Кај бруто-платата зголемување има во секторите: Рударство и вадење на камен (26,2 отсто), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4,2 отсто) и Информации и комуникации (3,5 отсто).

Во мај годинава, 1,6 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top