Невообичаени горештини овие денови ги мачат жителите на Москва, а градските власти поставија пунктови за брза помош во близина на најфреквентните метростаници, како и апарати со вода за пиење.
– Вода се дели и на влезовите од станиците, кога температурата внатре ќе надмине 28 Целзиусови степени – изјави денеска заменик-градоначалникот на Москва, Максим Ликсутов.
Зајакната е контролата и на системите за разладување во превозните средства на градскиот транспорт. Кога автобус, тролејбус или трамвај почнуваат со смена, се врши специјална контрола дали и како работат климатизерите, а внатрешноста на возилата двапати дневно се мие со вода.
На голем број улични постројки се поставени разладни уреди, а се отвораат и дополнителни продажни места за билети за луѓето да не чекаат долго во ред на високата температура.
Над поголемите московски паркови кружат хеликоптери, кои следат евентуално избувнување пожари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



