Најдобриот светски фудбалер, Португалецот Кристијано Роналдо, полека се враќа во тренажниот процес во подготовките за новата сезона.
Целите на клубот му се јасни, освојување шест трофеи следната натпреварувачка сезона.
По завршувањето на Светското првенство, Роналдо доби 29 слободни денови за одмор за да ги наполни батериите и психички да се подготви за почетокот на подготовките.
Асот на Реал Мадрид ја санираше повредата на коленото која ја влечеше од крајот на претходната година и со израен оптимизам им се приклучи на своите соиграчи на поготовките во САД.
Почна да тренира со своите соиграчи и, како што пренесуваат шпанските медиуми, јасно ставил до знаење дека е мотивиран и со желба што поподготвен да го дочека стартот на новата сезона. Таа за „кралевите“ почнува на 12 август во Кардиф каде што ќе се игра европскиот Суперкуп против победникот од Лига на Европа, Севилја.
Како и неговите соиграчи, така и Роналдо има желба со трофеј да ја почне сезоната, да го продолжат истиот ритам од минатата сезона и да ги освојат трофеите во сите шест натпреварувања на кои ќе настапат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Необичен момент пред шутот на Роналдо: Топката се подига пред ударот (видео)
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)