| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватски градоначалник ќe глуми во „Игра на троновите“

Во Шибеник пред неколку дена се одржаа аудициите за петтата сезона на популарната серија „Игра на троновите“, чиишто сцени се снимаат на неколку локации во Хрватска, како и во Ирска и во Исланд.

Меѓу многуте статисти што пристигнаа на аудиците, се запишаа и градоначалникот на овој хрватски град, Жељко Буриќ и неговиот заменик Даниел Миле.

Вистина е дека и јас и градоначалникот Буриќ се пријавивме на аудиција. Официјално се пријавивме, ги пополнивме формуларите, организаторите ги зедоа нашите мерки – вели Даниел Миле за „Слободна Далмација“, додавајќи дека тој би прифатил улога на кој било статист.

Градоначалникот Буриќ рече дека со овој чин го поддржува снимањето на серијата во неговиот град.

На овој начин, сакам да покажам дека како градоначалник цврсто стојам зад проектот „Игра на троновите“ да се снима во Шибеник – објаснува Буриќ.

Снимањето ќе почне во средината на септември, а за еден ден статистите ќе добиваат по 30 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top